Поради коронавирусот, дел од клубовите се решија да ги смалат платите на играчите, на некои дури и на 70%. Последен ваков случај е Јувентус, каде што играчите се согласиле да не ги земат мартовската, априлската, мајската и јунската плата, со услов ако сезоната продолжи, следните плати да им бидат повисоки.

Меѓутоа од Реал Мадрид се решија да не ги намалат платите на играчите и на сите вработени во клубот. Причината е поради тоа што клубот е во стабилна финансиска ситуација. Така „кралевите“ ќе бидат еден од ретките клубови кои нема да превземат рестрикции на платите кај играчите.

Тоа значи дека Реал во следните месеци ќе функционира без проблеми, и нема да биде чудно дури и ако видиме некој голем трансфер во таборот на „кралевите“ по завршувањето на сезоната.