Она што беше и за очекување само доби потврда. Кристијано Роналдо се откажа од примањата во неговиот клуб Јувентус се додека оваа ситуација со коронавирусот не се промени.

Се знае дека сите клубови прават напори да се преброди оваа ситуација, Јувентус исто така во договор со играчите реши да реагира, откако капитенот Џорџо Киелини и првата ѕвезда Кристијано Роналдо дадоа зелено светло, се прејде на конкретни мерки.

Токму Роналдо во име на сите вработени во клубот да можат да ги задржат своите работни места се откажа од целокупните свои примања во овие месеци на криза. Инаку Роналдо заработува 31. милион по сезона.