Додека светот ги брои жртвите од коронавирус, ретко на кого во моментов му е до спорт. Сите активности се прекинати, најголемите натпреварувања како ЕУРО и Олимписките игри се одложени за следната година.

Никој не знае што ќе се случи. УЕФА им нареди на националните федерации да ги доиграат првенствата, доколку не го сторат тоа ќе се соочат со казни.

Од друга страна, пандемија коронавирус му се заканува на фудбалот, загубите се големи, клубовите почнаа да не ги прават плановите за летниот преоден рок.

Првиот човек на Баерн Минхен, Карл-Хајнц Румениге смета дека светскиот фудбал поради „Ковид-19“ нема да биде ист ќе претрпи големи последици.

Додека светските медиуми се погласно зборуваат за траснферите, Германецот апелира.

„Никој со сигурност не може точно да каже што не чека и како оваа криза ќе се одрази врз фудбалот во следните недели, месеци и години. Ќе има големи последици, тоа е јасно. Фудбалот ќе се промени. Поради тоа одлучивме да ги стопираме сите планови за купување на нови играчи, ќе почекаме. Уште од сега можам да предвидам дека  платитме во Европа драстично ќе се променат, како и купувањето и продажбата на пазарот“, изјави првиот човек на Баерн.