Европската куќа на фудбалот УЕФА го казни тимот на Ајакс со 53 илјади евра поради неспортско однесување на навивачите на натпреварот од Лигата на Европа против Гетафе.

Натпреварот се одигра 20. февруари во Шпанија, а навивачите на тимот од Амстердам фрлаа со тврди предмети и кршеа столчиња на трибината.

Еден од домашните играчи за вториот гол е погоден со запалка. Гетафе го доби мечот со 2:0, и отиде понатаму во ЛЕ.