Како што пишва англискиот „САН“, од Нион на сите фудбалски федерации во Европа им е пратена препорака, односно предупредување дека националните шампионати, кои поради „Ковид-19“ се во мирување, мора да продолжат кога ќе има услови за тоа.  Само на овој начин може да се добие првакот.

Крајниот рок е 30 јули, а ако има проблеми, рокот би се пробил и во август. Во случај овие препораки, односно овие наредби да не се испочитуваат, тогаш УЕФА жестоко ќе го казни федерациите. За начинот, форматот со кој би продолжиле првенствата, самите федерации ќе треба да смислат што и како. 

Се наведува дека секоја федерација ако не ги испочитува препораките на УЕФА, нејзините клубови не ќе може да играат во европските натпреварувања.