Француската Лига 1 која беше прекината поради коронавирусот, нема да има време да заврши до 30 јуни во случај на продолжување, изјави претседателот на Француската фудбалска федерација (ФФФ), Ноел Ле Гре.

Натпреварите во Лигата 1 беа суспендирани поради пандемијата во земјата. УЕФА претходно откако го одложи Европското првенство до 2021 година, објави дека клупската сезона во Европа е предвидена да заврши до 30 јуни.

„Сега никој не може да го контролира календарот. Ние не можеме да ги продолжиме натпреварите сè додека државата не даде зелено светло. Постојат различни хипотези кога ќе биде можно да се започне со мечеви – од 15 мај, од 1 јуни или 15 јуни. Нашата цел е да ја продолжиме сезоната што е можно побрзо, но без ризик по здравјето на играчите и гледачите. Во секој случај, ние разбираме дека во моментов крајот на сезоната на 30 јуни се чини невозможен“, вели Ле Гре.