Легендарниот напаѓач на украинската репрезентација и на Милан, Андреј Шевченко, ја спореди ситуацијата со онаа од катастрофата на нуклеарната центарала во Чернобил.

„Во моментов сум во близината на Лондон. Заклучен сум веќе 10 дена. Се надевам на подобро решение и единствено е да се почитуваат препораките на властите. Да останеме дома и да пуштиме лекарите да си ја работат работата.“, рече Шевченко кој на 9-годишна возраст се присети на катастрофата од Чернобил.

„Тоа беше слична ситауција. Беше тешко, а единствено требаше да се слушаат одлуките на властите. Не мораме да ги напуштаме домовите. Имаме вирус или не, луѓето може да го пренесат, па дури и да немаат симптоми“, рече Шевченко.