Многу веројатно е дека Кристијано Роналдо по две сезони минати во Јувентус, ќе ја смени средината. Дали на ред е ПСЖ како што во последно време се шпекулира, или некој друг клуб, тоа останува да се види. 

Најновите информации велат дека ПСЖ на адреса на Јувентус, испратил понуда за Португалецот, подготвени се во Торино да го испратат Анхел Ди Марија и да доплатат уште некоја сума на евра.

Неофицијално оваа понуда на „светците“ била одбиена, Ди Марија не му бил потребен на италијанскиот тим, дополнителен проблем е  платата што ја зема Аргентинецот во ПСЖ, таа е превисока. Јасно е дека Јуве сака да дојде до Икарди, исто така фудбалер на ПСЖ, но и тој евентуален трансфер е проблематичен, ако се знае дека за него треба да се му се плати и на Интер добра сума. 

На крај да споменеме дека Роналдо и Ди Марија во одреден период од својата кариера, во времето на Мурињо, заедно играа во Реал Мадрид.