И ние имаме фудбалери кои во време на катаклизмата во светот со „Ковид-19“, играат официјални натпревари. Тоа е Марко Павловски, член на Динамо Минск, во првенството на Белорусија, земја единствена во Европа, веројатно и во светот, каде се игра професионален фудбал без никакви проблеми во време на коронавирусот.

Интересен податок, инаку Марко вчера играше за својот Динамо Минск во градското дерби против Минск, меч во кој неговиот тим загуби со 3:2.

Павловски е роден пред 25 години во Белград. Неговото потекло е македонско, а досега има настапувано за младите селекции на Србија,беше член и на селекцијата која пред неколку години стана и европски првак кога славеше во финалето против Франција со 1-0.

Марко, кој некогаш важеше за голем талент, не е загубен за Македонија со оглед дека нема настап за А селекцијата на Србија. Во време кога селектор беше Чеде Јаневски, тој беше и официјално повикан од нашата Фудбалска федерација да настапи за Македонија, тогаш беше член на Порто. Потоа кариерата го водеше низ екипите на ОФК Београд, Мускрон, РНК Сплит, Вождовац, Варзим а сега игра за Динамо Минск.