Во Брегалница и во време на коронавирусот ништо не се препушта на случајот. Се тренира максимално, иако во домашни услови.

По пример на големите клубови, и штипјани со видео онлајн тренинзи. Секоја играч треба да се вклучи во одреден момент од дома, за да тренерот Добринко Илиевски има целосна слика кој, како и колку си ја одработува својата програма зададена пред да стартуваат вонредените мерки во државата.

Штипјани се надеваат дека сезоната што побргу ќе продолжи, не пропуштаат да кажат дека им недостигаат класичните тренинзи и она вистинското, играњето фудбалски натпревари.