Димитар Димитриоски од таборот на Металург се пресели во редовите на актуелниот европски, македонски и регионален првак. Македонскиот репрезентативец за официјалниот сајт на СЕХА-лига ги сподели импресиите како член на „црвено-црните“, зборуваше за своето семејство…

На прашањето дали му смета тоа што поголем дел од времето го минува на клупата на резерви бидејќи на неговата позиција игра Тимур Дибиров, тој одговори.

„Една од моите цели кога доаѓав во Вардар беше да научам од Дибиров, Шишкарев и Чупиќ. Тие се светска класа на играчи, се обидувам да научам колку што можам повеќе, ова е начинот да станам подобар играч.

Од СЕХА побараа да направи споредба меѓу Металург и Вардар, и како реагирале неговите пријатели на одлуката да се пресели во Автокоманда во „Јане Сандански“…

„Моите пријатели секако се пошегуваа со мене, но добро ја разбираат ситуацијата во која се најдов, имав понуда да потпишам за европскиот и регионалниот првак Вардар. Што се однесува до разликата меѓу двата тима, во Металург бевме млади играчи кои се бореа во двете натпреварувања СЕХА и Лигата на шампиони. Вардар е поголем тим со поголеми амбици, затоа не можам да ги споредам. Не може да се спореди еден млад тим кој се бори во ЛШ во групите Ц и Д со тим кој владее во истите две натпреварувања“, рече Димитриоски.

На прашањето што можат фановите да очекуваат, секако доколку сезоната продолжи тој одговори:

„Овие момци го даваат последниот атом сила без разлика на проблемите, не учат да се бориме. Затоа дека сè е можно“.

Остнатиот дел можете да го прочитате на следниот ЛИНК.