Поранешниот играч на Барселона и Арсенал Алекс Сонг покрена тужба против својот поранешен клуб Сион. Сонг беше еден од деветте играчи кои добија отказ од швајцаркиот клуб поради кризата со пандемијата на корона вирусот. Управата на Сион одлучи да ги отпушти овие фудбалери за да ги намали платите за да не доживее финансиски колапс.

Но Сонг одлучи да го пријави Сион до ФИФА поради кршење на правата, но и најави судски спор во случај Светската куќа да не биде на негова страна.

Мојот адвокат ќе ја состави тужбата и ќе ја испрати до ФИФА. Си ги бранам своите права. Во петокот имавме пријателски меч, а во понеделник требаше да имаме состанок со претседателот. Сепак, добивме порака во која пишува дека сме веќе поранешни играчи на клубот“, рече Сонг.