Игор Силвеира Гомес (21), младиот мега талентиран Бразилец, е веројатно новиот „пик“ на Реал Мадрид. По Винициус, Родриго и Рејниејер тој е четвртиот млад „кариока“ кој за кусо време, би требало да заврши меѓу „кралевите“. Станува збор за фудбалер на Сао Паоло, игра во офанзивниот дел од средниот ред и со стилот многу наликува на легендарниот Рикардо Кака. За услугите на Игор, заинтересирани се и Барселона, Севиља и Ајакс. За сите нив претставува проблем откупната клаузула која вели дека кој сака да го купи младиот Бразилец ,ќе мора да издвои 50 милиони евра.

Инаку целата операција околу евентуалниот ангажман на Игор Гомес, за „кралевите“  ја води скаутот Џуни Калафат, човек од најголема доверба на газда Флорентино Перез. 

Коментар за својот сонародник деновиве даде и Кака:

„Тие споредби со мене навистина не се здрави за еден така млад играч, му се прави непотребен притисок. Сепак, да. Навистина кога го гледам Игор во многу ме потсетува на мене“.