Иднината на искусниот напаѓач на Севиља, Нолито на „Рамон Санчез Писхуан“ е под сериоздн знак прашалник. Според информациите од Пиринеите, клубот сè уште не му понудил нов договор на 33-годишниот ветеран и тој може да го напушти тимот како слободен агент .

Се уште не е јасно дали сезоната во Шпанија ќе се доигра или не, бидејќи земјата е една од најпогодените од пандемија која го зафати светот.

Нолито ја минува третата сезона во андалузискиот клуб. Засега нема информации ниту за негови контакти со други заинтересирани клубови.