Доколку не се случеше коронавирусот СЕХА-лига на големо ќе се подготвуваше за фајнл-фор завршницата која требаше да се одржи во Задар. Но, мечевите од ова натпреварување засега остануваат како сите останати.

Во исчекување на подобри времиња, од регионалното натпреварување одлучија да ја отворат книгата на рекорди, а таму има што да се изначитаме кога станува збор за македонските тимови, па и играчи.

Загревањето СЕХА-лига го почна со Мартин Серафимов. Членот на Металург го држи рекордот по изведени седмерци на еден меч. На дуелот против Железничар одигран во 17 октомври 2018 година реализираше девет седмерци. Овој дуел тимот од Автокоманда го изгуби со минимални 29-30.