Симпатичен гест со универзална порака доаѓа од ФК Хајдук од Лознани, село кое се наоѓа некаде на половина пат меѓу Прилеп и Битола. 

Иако се нисколигаши, веројатно четвртолигаши, од Лознани ја пратија пораката „Остани дома“, додуша на англиски јазик, но сепак треба да се поздрави трудот на извесен фудбалер Јошевски, кој се најде рамо до рамо со нашите најголеми фудбалски и спортски ѕвезди кои ја пратија оваа порака. 

Секоја чест, симпатично во време на катаклизмата со која се соочува светот.