САД е една од земјите која во моментов има најголем проблем со Корона вирусот. Се бројат заразените, а наскоро за жал ќе биде и полошо. Претседателот на САД, Доналд Трамп ги предупреди медиумите да не шират лажни информации, односно дезинформации, а тоа го налути поранешниот НБА шампион, Џеј Ар Смит кој на социјалните мрежи дирекно го нападна Трамп.

„Замолчи и направи нешто корисно“ – напиша Смит очигледно алудирајќи на фактот што Трамп и неговата администрација не донеле некоја ефективна мерка барем засега.

Џереми Лин исто така го нападна претседателот на САД пред неколку дена затоа што Трамп Корона вирусот го нарече „Кинески вирус“.