Капитенот на Барселона, Лионел Меси потврди дека тој и неговите соиграчи ќе земаат 70% помала плата во следните месеци, за да му помогнат на клубот во епидемијата на корона вирусот. Сите клубови се погодени од епидемијата, и се решаваат да ги кратат платите.

И покрај шпекулациите дека не се согласиле на намалување на платите, сепак, капитенот демантира.

„Многу е напишано и кажано за екипата на Барселона за платите и финансискиот шок. Прво сакам да разјаснам дека тоа беше наша волја уште од почетокот на пандемијата затоа што разбираме во каква ситуација се сите. Секогаш сме биле тука да го заштититиме клубот. Не можам да верувам дека одредени луѓе во клубот не ставија во центар на вниманието и вршеа притисок да го направиме она што сакавме да го направиме уште од првиот момент. Не немаше неколку дена затоа што размислувавме кој е најдобриот начин да му помогнеме на тимот и на оние кои работат во клубот. Ќе имаме 70% помали плати, и сите вработени во клубот ќе имаат исти плати се додека трае оваа криза. “, напиша Меси.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Leo Messi (@leomessi) on