Лука Модриќ е роден во Задар, и секогаш бил тесно поврзан со тој дел од Хрватска.

Звездата на Реал Мадрид нормално дека веднаш штом настана оваа ситуација, се понуди за помош, а веднаш потоа премина и на дело. Уплати 790.000 куни на сметката на Задарската болница.

„Лука е од самиот почеток вклучен во се. Се интересира, прашува и нормално помага. Се одлучивме да ни помогне околу набавката на мобилен рентген, кој е специјализиран за КОвид 19 вирусот. Ни се јавуваат наши спортисти од целиот свет. Изутринава се јави и Борна Чориќ и најави дека ќе помогне. Од се срце им благодарам“ – изјави градоначалникот на Задар, Божидар Лонгин.