Аргентинската фудбалска федерација направи исклучително мотивирачко видео до сите Аргентинци и целото општество да се вклучат во активната битка со коронавирусот. Видеото ја има главната премиса – ОСТАНИ ДОМА.
„Никој не станува шампион сам. Ниту Диего во финалето ’86 без голот на Буру (Буручага н.з.) не би го подигнал пехарот“, се дел од пораките на АФА потенцирајќи: „Денес ја имаме најтешката средба во нашата историја“.
¡Juntos podemos lograrlo! 🤜🤛🇦🇷 pic.twitter.com/Z3D8TGkwIu
— AFA (@afa) March 28, 2020