„Потресите“ во Динамо Загреб кои се случија со отказите на целиот стручен штаб на Ненад Бјелица, ќе донесе лавина на други незадоволства во клубот, и заминувања, а меѓу нив е и капитенот Аријан Адеми.

Во Хрватска наголемо се шпекулираше дека токму Адеми бил „спасител“ на Бјелица, односно пречката да биде избркан, откако стручниот штаб и играчите не се согласиле за намалување на платите во тимот.

Смената на помошниците била само една одлука за да се натера Бјелица сам да поднесе оставка, и во тој случај Динамо да не треба да му плаќа отштета, пишуваат хрватските медиуми.

Но, заминување на тренерот на Динамо ќе покрене заминување и на Адеми. За него се интересираат клубови од Франција и од Италија.