Словачкиот фудбалски клуб Жилина прогласи банкрот заради тешката состојба предизвикана од пандемијата на коронавирус.

Клубот објави дека финансиска состојба е очајна и им порача на играчите дека треба да си бараат нов клуб.

Клубот ќе биде под стејач заклучно од 30 април годинава и фудбалерите ќе станат слободни агенти од тој датум.

Финансиските проблеми траат веќе некое време, а пандемијата на коронавирус само ги влоши работите. Раководството на седумкратниот шампион на Словачка не успеа да се согласи со играчите за намалување на платите. Жилина во периодот пред пандемијата беше на второто место на табелата во словачкиот шампионат, а пред извесен период играше и во групната фаза од Лигата на шампионите.