Финалето на Лигата на шампионите и Лигата на Европа за оваа сезона ќе мора да се играат во август. Ова е најверојатната одлука која ќе ја соопшти УЕФА на составокот со 55-те земји членки на Унијата на видео-конференцијата закажана за в среда.

Според весникот „Тајмс“, Европската куќа на фудбалот нема да поддржи бришење или недовршувањ ена сезоната, иако борбата со пандемијата не е при крај. Според планот, финалето на Лига на шампионите во Истанбул и она во Лигата на Европа во Гдањск ќе се одиграат сред лето. Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин изјавил дека клупските првенства треба да се продолжат најдоцна до јули у да се завршат најдоцна до август.