Никој не може со сигурност да предвиди какви денови не чекаат во битката со коронавирус и кога точно сите ќе се вратиме на секојдневните обврски, а спортот ќе продолжи онаму каде што застана.

Пред неколку дена на оваа тема се огласија од ФИБА, постојано ја пратат ситуацијата.

Ова лето треба да биде исполнето со настапите на најмладите. Добро е познато дека Македонија доби организација на ЕП А Дивизија за кошаркари до 16 години кое треба да се одигра од 14 до 22 август во нашиот главен град. Но, нема да биде чудо доколку овој настан биде одложен, во ФИБА Европа се на голема мисла дали да ги одложат сите натпреварување во младинските категории кои почнуваат во јули и завршуваат на крајот на август.

Иако токму овие месеци изгледаат далечно, сепак мора да се прават и Б-планови токму поради „Ковид-19“. Засега здравјето на играчите е на прво место, оваа одлука нема да биде донесена веднаш, но доколку нема подобрување КФСМ ова лето нема да има активности од овој тип, истите ќе биде одложени.