Андреас Заглис, генералниот секретар на ФИБА, испрати писмо после конечната одлука за откажување на Олимписките игри до сите кошаркарски федерации во светот во кое се наведуваат некои инструкции кои се однесуваат за натпреварувањата кои се откажани, како и кога е во прашање однесувањето спрема проблематиката околу исплатите на играчите.

Од светската куќа на кошарката одложија неколку натпреварувања:

– четири натпревари во квалификациите за ФИБА Азиски Куп 2021

– ФИБА 3×3 Олимписки квалификациски турнир

– ФИБА 3×3 Азиски куп

– ФИБА 3×3 У18 Азиски куп

Откажано:

– ФИБА У16 Азиски шампионат (за мажи и за жени).

Сите детали околу обраќањето на ФИБА до федерациите можете да го најдете на официјалниот сајт на КФСМ.