Парична помош од државата за спортистите во нашата земја. Како што најави техничкиот премиер на Владата на Р. Македонија Оливер Спасовски, владата за месец април и мај ќе им помогне на сите спортисти и сите  вработени спортски работници  со исплата на минимална плата во висина од 14.500 денари.

Овие мерки се дел од економските мерки на владата на нашата земја, со цел да се помогне  во намалување на економските штети кои ги предизвика коронавирусот.