Претседателот на САД, Доналд Трамп вчера изјави дека ќе биде добро доколку бројот на починати лица од коронавирус биде под 100.000 луѓе.

Овие зборови на Трамп наидоа на критики на целата светска јавност, меѓу нив и актуелниот тренер на Олимпија од Милано, Еторе Месина.

„Трамп вели дека ќе биде успех ако бројот на смртни случаеви не ја мине бројката од 100.000 луѓе. Ваквиот начин на броење е ужасно, очајно и навредливо“, изјави Месина.

Месина е еден од најсупешните тренери во четири титули во Евролига, тој порано работеше како помошник на Грег Попович во Сан Антонио.