Барселона објави дека сите кошаркари на клубот го прифатиле намалувањето на платите кое клубот го најави како дел од тимската организација во битката за одржување на клупската ликвидност во време на кризата предизвикана од пандемијата.

Кошаркарскиот тим на Барселона претходно беше единствениот оддел на клубот кој не се согласи на намалување на платите. Претседателот на Барселона, Хосеп Марија Бартомеу, во интервју рече дека очекува сите играчи да го прифатат кратењето.

Барселона денеска објави дека играчите, тренерите и остатокот од персоналот сакаат да ја „покажат својата посветеност кон клубот“ за време на ситуацијата поради кризата со коронавирус и го прифаќаат клупскиот „селари кап“.