Еден од најголемите таленти во Европа, Едуардо Каваминга сака да игра за Реал Мадрид. 17-годишниот играч од средниот ред е посакуван од Ливерпул, ПСЖ, Борусија Дортмунд и некои од најголемите клубови во Европа, но тој својата иднина ја гледа на „Бернабеу“.

Младинскиот репрезентативец на Франција направи одлична сезона во Рен, а на клубот му требаат средства за справување со пандемијата на коронавирусот.

Оваа сезона постигна еден гол и имаше две асистенции. Според Марка, вредноста на играчот од средниот ред е околу 60 милиони евра.