Додека во цел свет се крати, додека Меси и Роналдо ќе земаат помалку пари, додека Јуве и Барса се во паника, делува нестварно податокот дека еден клуб од Балканот нема никакви проблеми во доба на Ковид-19. Тој клуб на своите играчи им ги исплатил сите плати до крајот на сезона, и тоа заклучно со јуни.

Е тој клуб се вика Чукарички од Белград, клуб од Првата лига на Србија.

Спортскиот директор на Чукарички Ненад Милосављевиќ, за медиумите во Србија истакнал…

Да бидам искрен, барем засега, во нашиот клуб не станало збор за тоа дали ќе им се намалат или скратат платите на играчите. Нашиот газда Драган Обрадовиќ не го спомнал тоа, според мене до такво нешто нема да дојде. Што се однесува до нашите обрски кон играчите до крајот на сезоната, заклучно со јуни, се им е исплатено, и тоа пред еден месец. Па не се тие виновни за тоа што се случува со коронавирусот. Од друга страна јасно е дека не им е лесно на клубовите, никој не знае до кога ова ќе трае“.

Секоја чест за Чукарички.