Клубовите од ден во ден ги пресметуваат загубите. Поради коронавирус спортот целосно „замрзна“, а со тоа и приходите во екипите. Челниците на клубовите прават нови планови како да се спасат во месеците на криза.

За жал, денеска лоши вести доаѓаат од Бундес-лигата, поточно од таборот на Балингне, тимот за кого настапува македонскиот репрезентативец, Филип Талески. Избршниот директор на клубот, Волфганг Штробел ги подготви фановите за најлошите денови.

„Со откажување на натпревари остануваме без приходот за опстанок. Се соочуваме со многу предизвици, а семејството Балинген мора да се држи заедно. Се надевам дека нашиот тим и тренерите ќе придонесат за надминување на кризата со коронавирус“.

Голем дел од тимовите во германскиот шампионат веќе ги спроведоа мерките – кратење на плата на играчите.