Пријателскиот натпревар помеѓу седмолигашот Ескилстуна и осмолигашот Нашулта е откажан поради наводи за местење на резултатот.

Шведска е една од ретките земји која што не прогласи карантин, и каде што фудбалот не е целосно стопиран. Така овие два тима сакале да ја искористат паузата и да одиграат „контрола“, која на крајот морала да биде откажана.

„Цел ден ни се јавуваа. Не контактираа и преку социјалните мрежи, а пораките беа: „Среќно, се надевам дека ќе загубите“. Настана хаос околу неважен натпревар. Одлучивме да го откажеме поради сигурноста на играчите. Никогаш не знаете што ќе се случи откако играчите ќе бидат контактирани од различни страни“, рече претседателот на Ескилстуна Бенгин Озеран.