Кошаркарската федерација на Шпанија најверојатно ќе го продолжи договорот со селекторот на А репрезентација, Серџо Скариоло.
На италијанскиот стручњак соработката му завршува ова лето, но со оглед на тоа дека Олимписките игри во Токио се одложени за 2021 година ова значи дека Шпанците ќе мора да го „капарисаат“ за подолго.
Според медиумите во Шпанија новиот договор ќе биде до 2024 година. Доколку се реализира сето ова, тој ќе ја предводи „Фуризјата“ на Олимпијадата Евробаскетот, па и на СП 2023 година.
До сега тој оствари неверојатни резултати, трипати беше првак на Европа, еднаш светски првак, а покрај ова има и сребро и бронза на ОИ.