Ферари му понудил нов договор на Себастијан Фетел, но со намалени финансиски примања, пишуваат италијанските медиуми.

Тековниот договор на германскиот пилот со „Скудерија“ истекува на крајот на годината и нема јасност за неговата иднина во италијанскиот тим. Сè уште не е јасно каква е одлуката на Фетел, а одложувањето на првите осум старта на првенството ќе ја одложи конечната одлука за неговата идна кариера.

За местото на Фетел во „Скудерија“ силно се шпекулира со името на неговиот поранешен колега во Ред Бул, Даниел Рикардо, кој сега се трка за Рено, и со она на Карлос Сајнц од Мекларен.