Каталонскиот весник Спорт пишува дека четири играчи на Барселона биле против намалувањето на платите за дури 70%.

Пеп Бартомеу иницирал телефонски конференциски повик со капитените Лионел Меси, Серхио Бускетс, Жерард Пике и Серхио Роберто. Сите четворица рекле дека ја разбираат ситуацијата и сметаат дека е соодветно да се намалат платите додека трае вонредната состојба.

Истиот ден капитените почнале да разговараат со сите играчи во составот, без да навлегуваат во финансиски детали. Поголемиот дел од групата ја прифатиле идејата и во принцип се согласиле за дејствата на раководството. Четворица играчи (не се дадени имиња) од првиот тим изразиле несогласување, наведувајќи два мотива. Како прво, тие изразиле разочарување од медиумската кампања за намалување на платите, без да е разговарано со играчите.

Второ, тие потсетија на избувнувањето на „Барсагејт“ пред неколку недели дека „Камп Ноу“ платил 1 милион евра на медиумска група која бесрамно го валка името на некои од легендите на Барселона, како и политичките непријатели на Бартомеу.

– Нашите пари ќе одат да се плати 1 милион за „Барагејт“, нели, прашале навредените.

После изразеното несогласување, капитените, предводени од Меси, зборувале индивидуално со незадоволните да ги убедат кој е вистинскиот потег. На крајот на краиштата, на 28 март, сите дале своја согласност и еден ден подоцна капитаните го објавија ова до претседателот.