Валдштадион од 1925 година е дом на бундеслигашот Ајнтрахт Франкфурт. Тој беше домаќин на натпревари од СП 1974 и СП 2006 година и на Купот на конфедерациите во 2005 вклучувајќи го и финалето во ова натпреварување. Во мај 2005 година го смени името во Комерцбанк арена со тоа што клубот склучи договор со истоимената фирма за правата на името во период од 10 години. Откако тој истече клубот си го врати името на стадионот во Валдштадион, но сега навивачите ќе мора да се навикнат на нова промена.

Од јули стадионот ќе го носи името „Дојче банк парк“. Клубот објави партнерство со оваа германска банка со важност најмалку до 30 јуни 2027 година.