Извршниот комитет на германската фудбалска лига одржа редовен состанок на кој се разговарало за актуелната состојба со пандемијата на коронавирусот. Во изјавата на ДФЛ се вели дека одлуката за одложување на натпреварите во Бундеслигата до 30 април ќе остане на сила, а можно е првенството да се актуелизира во мај, при што натпреварите ќе се играат без гледачи.

Германците формираа медицинска работна група чија задача е да изнесе концепт за „медицински оправдано продолжување на натпреварите и тренинзите“. Првичните планови вклучуваат строга и независна порака за играчите и другите членови на персоналот, вклучително и веднаш пред самите натпревари.

Покрај тоа, организациските мерки ќе вклучуваат и дезинфекција на стадионите како дел од новите специфични процеси за организирање натпревари, кои ќе бидат формулирани во форма на стандардизирани мерки.

Така, откако ќе се најде безбеден начин за одржување средби, првенството ќе продолжи, но сигурно ќе биде од затворен тип и до крајот на сезоната.

Некои директори на клубовите сугерираат организирање на нов мини-турнир кој ќе трае 16 дена за да се овозможи преостанатите 82 натпревари во лигата до 30 јуни да бидат комплетирани, вклучувајќи ги и полуфиналето и финалето за Купот на Германија.