Оливие Жиру не чекаше предолго за да одговори на провокациите од страна на неговиот некогашен соиграч од репрезентацијата Карим Бензема. Тој истакна дека е Формула 1, додека Жиру кого нарече картинг. Нормално, напаѓачот на Челзи не остана должен.

„Луѓето велат дека не можете да споредите Формула 1 со картинг. Јас пак единствено што можам да кажам на таа тема дека ја сум светски шампион, освоив Мундијал, и тоа за еден „картинг“ не е лошо“ , истакна Жиру.

Секако тој алудираше на фактот што Бензема не беше дел од селекцијата на Франција која пак триумфираше на СП во Русија, иако тој самиот за 546 минути минати на терен не успеа да упати ни еден директен удар кон противничкиот гол.

Бензема пак одамна го нема во националниот тим уште од 2015 година кога дојде во судир со Метју Валбуена и онаа позната афера помеѓу нив двајца.