Италијанските медиуми наголемо шпекулираат дека Златан Ибрахимовиќ ова лето ја завршува кариерата, а може тоа да го стори и предвреме со оглед дека владее пандемијата на корона вирусот.

Но, тој одговори на овие прозивки, односно обелодени дали навистина е така.

„И натаму не знам што ќе биде, затоа што секојдневно се случува нешто ново. Корона вирусот никој не го очекуваше, но мораме да почитуваме се и да бидеме трпеливи. Тек подоцна ќе видиме што ќе биде. Засега не сум донел никаква одлука“, рече Ибрахимовиќ.