Толку фудбалски дресови, сувенири се однесени од домот на Парагвајскиот репрезентативец и интернационалец Едгар Бенитез, чиј што дом за време на реновирањето е ограбен, а крадците со себе ги земале сите дресови кои Бенитез ги собирал во текот на својата кариера.

„Однеле историја која ја собирав цели 15 години. Полицијата реагираше и пронајде 65. од нив но тоа е само мал дел од мојата колекција“ – вели Бенитез.

Во истата се наоѓале дресови од најдобрите фудбалери на светот, како Меси, Роналдињо, Погба, носени на Светски првенства, Копа Америка и каде ли уште не.

Полицијата се сомнева дека сториел на ова кривично дело е токму еден од работниците во неговиот дом, кој бил ангажиран во реновирањето и кој точно знаел каде да ги пронајде дресовите.