Римас Куртинаитис, тренерот на Химки ја прокоментира одлуката на руската ВТБ лига да ја заврши сезоната без шампион. Сезонава поради пандемијата на корона вирусот застана после 19. кола и екипата од Подмосковље се наоѓаше на чело на табелата. Тие со скор 18/1 црвсто ја држеа лидерската позиција пред плеј-офот, а потоа стигна корона кризата и првенството е прекинато без прогласување на шампион. Куртинаитис е бесен на оваа одлука:

„Познато е како се носат одлуки во Русија. Ако ЦСКА не може да биде шампион, тогаш тоа е катастрофа. Оваа сезона бевме спремни да ги симнеме од врвот. Бевме спремни да ги ’истепаме’. Ако ЦСКА беше лидер пред паузата, ВТБ веднаш ќе ја прогласеа за шампион. Не се сомневам во поинаков исход“, изјави тренерот на Химки.

Повеќето клубови гласаа сезоната да биде прекината, а Химки е еден од ретките кои се противеа на таа одлука.

Од 2008 година ЦСКА секоја година ја освојуваше титулата во Русија, со исклучок на сезоната 2010/11 кога титулата отиде во витрините на Химки.