Хавиер Маскерано, легендата на Аргенинскиот фудбал, и играч кој остави голем белег во Европскиот и Светски фудбал, а во моментов ја привршува својата кариера во Естудијантес, застана во одбрана на своите колеги, а впрочем и на самиот себе по повод бранот на критики од страна на јавноста околу донирањето средства.

„Како да фудбалерите се обврзани да донираат, како да не е тоа нивна волја туку некаква обврска. Сега фудбалерите се лесна мета на оваа тема, затоа што за нивните примања и богатство се зборува консантно. Се наоѓаме во момент во кој едноставно си морално обврзан да донираш. Јасно ние на сите дека во ваква ситуација мора да се помогне“ – вели Маскерано и додава.

„На повеќето од нас воопшто не мора ниту да ни кажете, знаеме што треба да направиме. Јас сум помогнал на многумина и никогаш не сум сакал тоа да биде медиумски покриено. Тоа не се прави ако некој ти каже, тоа се прави од срце“ – вели искусниот играч.