УЕФА ги помести баражите од Лигата на нациите за септември, па потоа ги измести и финалните фази од Лигата на шампионите и Лига Европа. Натпреварите во двете европски клупски турнири ќе се играат во јули и август.

Претходно УЕФА им даде шанса за доигрување на првенствата ширум Европа и тоа би траело до 30 јуни, а после тоа да се доиграат преостанатите натпревари во Лигата на шампионите односно Лигата на Европа. Тоа значи дека финалињата би се играле во август кога ќе ги дознаеме европскиот шампион и победникот во Лигата на нациите.

А стартот на некои европски лиги (некои почнуваа во август) би бил во септември.