Точно така. Јувентус и Реал вечерва ќе играат натпревари. Не е првоаприлска шега туку е вистина. Секако, не се оние Реал од Мадрид и Јувентус од Торино чии фудбалери се во карантин, туку се работи за екипите со исто име Јувентус и Реал кои се од Никарагва. Првенството во оваа држава во Централна Америка се игра, а вечерва се закажани два натпревари (23 часот по наше време).

На мегдан излегуваат Јувентус и Реал Мадриз (З место Д), а нивните противници се Чинандега односно Сабањас.

Јувентус е од градот Манагуа и е двократен шампион на Никарагва. Моментално се на шестата позиција на табелата во локалната Премиер лига после 12 одиграни кола.

А Реал Мадриз доаѓа од градот Сомото и моментално е на седмото место на табелата. Овој клуб е формиран во 1996 година како ФК Мадриз, а подоцна е додадено и Реал во чест на големиот шампион на Европа.

Екипата на РЕАЛ МАДРИЗ

Екипата на Јувентус од Манагуа