„Лајф“ конверзацијата на популарната социјална мрежа „Инстаграм меѓу македонските репрезентативци Горан Пандев и Стефан Ристовски, спонтано излезе најдоброто нешто што нашата јавност го има видено од „Гранде“ Пандев.

Двајцата одговараа на прашања од фановите, кои пак немаа „влакна на јазик“, па поставија прашања кои нормално ги интересираат најмногу.

Од тоа кој е нивниот најомилен клуб, до најомилен гол за репрезентацијата, па се до мислење за сегашниот селектор Игор Ангеловски и неговиот матичен клуб Беласица.

„Мислам дека Ангеловски според резултатите кои ги постигнуваме е најдобрата опција за селектор. Компактни сме како екипа. Барди е „играчиште“, Трајковски е мојот идол што се вели, но мора да работи повеќе, и сигурен сум дека и во Мајорка ќе покаже колку вреди“ , кажа Пандев околу репрезентацијата, а потоа одогори и на прашање какво е неговото мислење за Адис Јаховиќ, а на истото прашање се надоврза и Ристовски.

„Имаме највисоко мислење за Јаховиќ како играч, и играч кој може најмногу да ни помогне. Сепак, не е до нас да одлучиме дали тој ќе биде повикан“, рекоа Пандев и Ристовски.

Околу неговиот матичен клуб Беласица, Горан Пандев рече:

„Тоа е мојот матичен клуб. Без Беласица јас немаше да бидам тука каде што сум, Беласица за мене е се“.

Нормално, не беше избегнато и прашањето околу неговото пензионирање, можноста да заигра за Академија Пандев.

„Планирав да играм уште сезонава но ете видовте што се случи. Не, немам намера да заиграм за Академија Пандев. Што се однесува до самиот тим, во Академија направија грешки, тука не мислам на играчите, туку на водешките луѓе, од од грешките се учи. Мислам дека мораше најстариот играч да биде максимум 22 – 23, години. Резултатите не се добри во моментов. Како да заиграм за „лузери“ немаат победено на 15 мечеви“, критички настроен кон својот клуб беше Пандев.