Капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев е во Италија „заробен“ во својот дом, како и сите останати луѓе од оваа земја. Тој се вклучи во живо на својот „Инстаграм“ профил да ги поздрави фановите, но истовремено да одговори на дел од прашањата. Едно од нив беше дали има омилен меч во дресот на Македонија.

Нашиот најдобар фудбалер одговори дека ги има многу и не може да издвои ниту еден, и додаде ќе беше победата над Косово доколку се одиграше овој бараж дуел. За жал спортот е замрзнат, а нашите момци на терен ќе играат против оваа земја дури во септември

„Ќе беше сега перфектно да ги победиме Косово ама ништо…“, рече Пандев, кој има нов имиџ.

Поради ретките излегувања до маркет, но и затворените берберници тој има огромна брада.