Се чини дека Македонија – Косово, натпреварот од баражот за пласман на ЕВРО 2021, одново ќе биде одложен. Првиот термин беше за 26 март, па 4 јуни, но денеска, како што велат информациите од Нион, УЕФА веројатно ќе го презакаже за наесен.

Се споменуваат месеците септември или октомври. Да потсетиме дека денеска челниците на УЕФА ќе имаат видео линковски состанок со сите генерални секретари на 55-те свои земји членки. Ќе стане збор за актуелните случувања во ебропскиот фудбал, за тоа кога и дали ќе продолжат националните првенства, потоа кога и дали ќе се играат мечевите од ЛШ и ЛЕ, и секако за кога ќе се закажат баражите за Европскиот шампионат, кој место ова лето ќе се игра во 2021 година.