Националните кошаркарски федерации во Европа веќе на големо и храбро повлекуваат потези. Од Хрватска доаѓаат вести дека првите луѓе заедно со клубовите одлучија да стават крај на сезоната без да прогласуваат шампион.

Коронавирусот, како и брзото ширење на пандемијата не дава сигнали дека во скоро време ќе има услови за играње на кошарка, па токму затоа во интерес на клубовите тамошната федерација донесе одлука.

Во Македонија статусот на првенството „виси во воздух“, КФСМ се најде на тежок тест, но претседателот Перо Антиќ и останатите негови соработници затоа беа поставени на оваа функција. Клубовите веруваа во нивниот капацитет, па сега веќе е време да го направат првиот храбар чекор и да не купуваат време.

Минаа многу денови откако најавија дека за кусо време ќе излезат со став, но некаде заглавија, не знаеме точно каде, оти се затворени за јавноста и новинарите.