Стојан Ѓуроски по 14-дневниот карантин може да безгрижно да биде со своите семејство. Македонскиот репрезентативец како одговорен граѓанин денеска ја заврши последната обврска.

Како што најави пред два дена за СПОРТМЕДИА го направи задолжителното тестирање за „Ковид-19“, истиот е негативен. Резултатите ги сподели на својот „Инстаграм“ профил.

Ѓуроски вели дека ќе ги почитува препораките на надлежните органи, оти тој како и сите останати спортисти едвај чекаат да се вратат на старите навики – спортот.