Бразилецот Вилијан призна дека е малку веројатно дека ќе потпише нов тригодишен договор со Челзи. Крилото е на „Стемфорд Бриџ“ од 2013 година, а има само уште три месеци до крајот на тековниот договор.

Сепак, офанзивниот играч за бразилските меидуми откри дека има минимални шанси да остане во Лондон и по завршувањето на сезоната.

„Мислам дека ќе биде малку веројатно да го обновам договорот со Челзи затоа што тие ми нудат договор на две години, а јас побарав три. Тука разговорот заврши. Ние веќе не разговаравме, ниту преговаравме“, изјавил Вилијан.